Македонија 17. март 2020. / 20:44

Еве зошто докторите од Дебар заболеа од корона!

Еве зошто докторите од Дебар заболеа од корона!

Дали нашите здравствени работиници се соодветно заштитени од КОВИД19 – коронавирус?, прашува Conservative.mk и го дава одговорот на ова прашање.

Во Дебар персоналот позитивен на COVID-19. Колку што можев да видам на сликите од таму, докторот и сестрите беа заштитени во мантил за една употреба, маска, ракавици и каљачи. Ова е показател дека заштитата што ја имаме не е соодветна! Моите мисли се со вас колеги! Да се обезбеди соодветна заштитна опрема за сите, и државни и приватни лекари во кризните жаришта., напиша Ангел Драскачев