Македонија 25. октомври 2020. / 14:25

Еве зошто Амди Бајрам заслужува да почива во алејата на великаните

Еве зошто Амди Бајрам заслужува да почива во алејата на великаните

Амди Бајрам дефинитивно заслужува да почива во алеајата на великаните!

Тој е великан кој 30 години го отсликуваше апсурдот во нашето општество.
Великан е затоа што со средно и ограничена писменост и интелект, ги принудуваше политичките елити да зависат од него!

Амди Бајрам сиве овие години беше доказот дека сите големи политичари и интелектуалци се обични конформистички мртви медиокритети, спремни да прават компромиси со сите свои вредности за да дојдат до власт, моќ и пари.

За власт, пари и моќ – си го продаваа и својот образ па тој им стануваше партнер иако претходно им даваше голови со пета и како ловџија му нудеше моркови на зајакот.

Неговото место е во алеајата на великаните, затоа што великаните кои ние сме го произвеле во последните 30 години, не се ништо подобри од него!