Македонија 30. март 2019. / 10:15

Еве кој ќе го замени Латас на местото главен уредник во ТВ СИТЕЛ

Еве кој ќе го замени Латас на местото главен уредник во ТВ СИТЕЛ

Популарниот музичар Ристо Самарџиев, кој долги години работи во ТВ Сител, ќе го замени Драган Павловиќ – Латас на позицијата главен и одговорен уредник на телевизијата – дознава Економски Лидер од извори во Сител.

-Самарџиев ќе биде одговорен уредник на целата програма на телевизијата, додека на позицијата главен уредник на информативната програма ќе биде поставена досегашната уредничка, Славица Арсова – Спасовски. – вели за Лидер вработен во телевизијата.

Арсова е долгогодишен, но сепак млад новинар. Таа својата слава ја достигна токму во Сител, каде почна како репортер на терен, па пред неколку години стана уредник, за сега да застане на чело на информативната програма.

Изворот на Лидер, неофицијално тврди, дека една од првите реформи кои ги најавува Арсова ќе биде укинување на Бизнис Вестите кои се емитуваат веднаш по централниот дневник на телевизијата.

Како што дознаваме, за нејзин заменик во игра е Иван Кузмановски со кој се тандем во емисијата „Детектор“.

Пред два дена, Драган Павловиќ – Латас си поднесе оставка од позицијата главен и одговорен уредник на телевизијата, во исто време тој ја водеше и информативната програма. Тој, во соопштение до јавноста најави дека се повлекува поради политички притисок кон него и кон телевизијата, но го продолжува својот ангажман во Сител како новинар и извршен продуцент.