По повод отварањето на автопатот Демир Капија-Смоквица, беше испратен двокатен кинески автобус каде што се возеа владини функционери. Лидер стигна до одговорот на прашањето кое го постави јавноста. Кој го платил автобусот со кои владини претставници се возеа по делницата од автопатот Демир Капија-Смоквица?
Од Град Скопје за Лидер ни одговорија дека автобусот бил изнајмен од кетеринг агенција која била ангажирана од страна на ЈП Улица и Патишта, односно за автобусот платиле даночните обврзници на Македонија.
Со автобусот дојде и плех музика која ги забавуваше присутните. Таа веројатно исто така е платена од кетеринг агенцијата која била ангажирана од ЈП улици и патишта.
Тоа што е интересно е дека истиот автобус беше користен и за прославата на ракометарите на Рк Вардар кои станаа европски прваци во ракомет, кој од Аеродромот во Скопје до триумфална капија ги возеше ракометарите на Вардар.