Познатиот адвокат Драган Пешевски открива кои закони ги прекршила Тамара Тодевска, со менувањето на химната, неговиот фејсбук статус ви го пренесуваме во целост.
Член 5 од Уставот (највисок правен акт) на Р.М предвидува дека државни симболи на Р.М. се: грб, знаме и химна. Грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Понатаму во Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија член 4 вели: Грбот и знамето на Република Македонија можат да се употребуваат само во формата и содржината што се утврдени со закон. Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.Понатаму во законот за химната на Република Македонија во член 2 е утврден и нејзиниот текст во сликата објавена подоле (преземено од законот).Од мене толку на темава… , напиша Пешевски на Фејсбук.