Македонија 24. април 2020. / 09:43

Еве кои се најчестите симптоми на заболените од коронавирус во Македонија

Еве кои се најчестите симптоми на заболените од коронавирус во Македонија

Во Македонија, според последните официјални податоци, регистрирани се вкупно 1.300 лица кои се позитивни на коронавирус.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,7%), кашлица (53,1%), малаксаност (34,1%), треска (19,2%), главоболка (16,9%), болка во грло (16,2%) и отежнато дишење (14,1%).

Кај 449 или 34,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.