Македонија

Еве како беше пречекана Тереза Меј пред Владата (ВИДЕО)

Еве како беше пречекана Тереза Меј пред Владата (ВИДЕО)

Британската премиерка Тереза Меј пристигна во владата каде што беше пречекана од премиерот Зоран Заев со кој треба да одржат тет- а -тет средба.

Церемонијата за добредојде на британската делегација, се одвива на платото пред Владата на Република Македонија.

Талат Џафери ќе приреди прием во чест на британската премиерка Меј, која, патем, ќе има обраќање.


 

Поканети да присуствуваат на приемот се политичари, функционери, воени лица и идни лидери.