Македонија 15. февруари 2020. / 13:10

ЕПП: Треба да се направи сè за да се одржат слободни и фер избори на 12 април

ЕПП: Треба да се направи сè за да се одржат слободни и фер избори на 12 април

Европската народна партија порача дека одблизу ги следи случувањата во Македонија. Од таму велат дека треба да се направи сè за да се одржат слободни и фер избори на 12 април.

Ние внимателно ги набљудуваме важните реформски напори. Треба да се направи сè за да се овозможи да се одржат слободни и фер избори на 12 април како што е договорно, за да се придвижи земјата напред, објави Европската народна партија на „Твитер“.