Македонија 09. јули 2020. / 15:36

ЕПП му посакува среќа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите: Борбата против корупцијата мора да продолжи

ЕПП му посакува среќа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите: Борбата против корупцијата мора да продолжи

Европската народна партија преку твит на официјалниот Твитер канал им посака на ВМРО-ДПМНЕ среќа на изборите на 15 јули.

Имено Европската народна партија пишува дека борбата против корупцијата во нашата земја, независното судство, економските реформи и владеењето на правото мораат да продолжат.

ЕПП посакува нашата партија членка@VMRO_DPMNE се најдобро за изборите на 15 јули. Борбата против корупцијата, за независно судство, економските реформи и владеењето на правото мора да продолжат. Слободни и фер избори се неопходни за да се донесе земјата на нејзиниот европски пат, стои во нивниот твит.