Македонија 27. април 2020. / 15:56

Епидемиолозите и вработените во Институтот за јавно здравје немаат земено плата

Епидемиолозите и вработените во Институтот за јавно здравје немаат земено плата

Епидемиолозите, микробилозите и останатите вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), немаат земено плата за март.

Засега е непознато кога ќе биде исплатена платата за вработените во клучната институција во која здравствените работници секојдневно работат на тестирање на граѓаните од Ковид-19.

Како што велат од Институтот, се чека усогласување на колективните договори со Министерството за здравство, пренесува „Телма“.

Здравствените работници во ИЈЗ се дискриминирани и поради тоа што единствено овие вработени Владата ги изостави во мерката за покачување на платите во здравството која почна да се спроведува токму од март.