Епидемиологот, д-р. Драган Даниловски смета дека не смее повеќе да се чека и да им се дава шанса на актуелните мерки кои треба да ја намалат трансмисијата на вирусот.
Тој посочува дека би било доцна дури ако за две-три недели се пристапи кон воведувањето на најстрогата мерка, карантинот, заради што неговиот став е дека, тоа треба да се случи уште од следниот викенд.
-Откако бројот на хоспитализирани надмина 1.000, а при сè поисцрпен здравствен кадар, веќе се наметнува прашањето: Дали воопшто треба уште да се чека, за да се преземат ригорозни мерки? Зашто, не знам дали имаме време од 2-3 недели за да видиме дали мерките ќе профункционираат. Можеби уште оваа недела. После која, неизбежно е потребно најстрого затворање. Но, не по примерот на другите земји. Туку само за деновите на викендите. Почнувајќи уште од следниот викенд. Потоа, делумно олабавување во текот на работните денови.
Во продолжение, прочитајте го целиот статус, објавен на Фејсбук страницата „Доктори.мк“:
Драган Даниловски:
КАКО ДО РЕШЕНИЕ СО НАЈМАЛКУ ШТЕТА?
„Primum non nocere!“ е латинска поговорка, која значи: „Пред…
Posted by Доктори.мк on Monday, November 9, 2020