По вчерашните 127 регистрирани случаи на позитивни на корона вирус, во 904 направени тестирања, вкупната бројка на заразени во Македонија се искачи на 9.153. Особено е загрижувачки е порастот на нивото на вирулентност од 14%, што значи дека епидемијата во Македонија е надвор од контрола и е далеку од светски препорачаните пет проценти за да се може да се смета дека состојбата се смирува.
Во минатото деноноќие се регистрирани и осум починати пациенти, со што вкупниот број на починати се искачи на 422.
Од осумте починати, пет пациенти се од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево. Меѓу починатите се и две лица на возраст од 34 и 45 години. Тие починале во ГОБ „8 Септември“. Во истата болница починале уште три лица на 78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во Клиничката болница Тетово почина пациент на 78 години.
Епидемијата и натаму најбрзо се шири во Скопје. Од новорегистрираните 127 случаи на Ковид-19, 57 се регистрирани во главниот град, Штип-13, Струга-10, Гостивар-8, Охрид-7, Тетово-6, Кичево-4, Куманово-4, Пробиштип-2, Кратово-2, Кавадарци-1, Демир Хисар-1.
Институтот за јавно здравје регистрира и 83 оздравени лица и тоа од Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар-5, Пехчево-1.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: во Скопје вкупно заразени 4271, активни 1885, потоа Куманово вкупно 908, активни 240; Дебар 173, активни 111; Штип 582, активни 277; Прилеп 311, активни 62; Тетово 944, активни 297; Струга 361, активни 179; Охрид 238, активни 123; Гостивар 294, активни 193; Свети Николе 197, активни 182 и други.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, шест деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52-ца пациента. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 128 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Од активните случаи во скопските општини најмногу има во Чаир – 280, Гази Баба – 195, Аеродром – 167, во Центар и Карпош по 153, Бутел – 132, Кисела Вода – 124, Ѓорче Петров – 113, Сарај – 108, Студеничани – 105, Шуто Оризари – 97, Арачиново – 30, Илинден и Петровец по 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 18, Зелениково-12, Странец – 7, Нераспределен-139.