Македонија 01. декември 2020. / 14:35

Елка Јачева Улчар за Радио Лидер: Во Софија веќе е договорено да не се употребува терминот „македонски јазик“

Елка Јачева Улчар за Радио Лидер: Во Софија веќе е договорено да не се употребува терминот „македонски јазик“

Професорката Елка Јачева – Улчар од Институтот за македонски јазик во изјава за Радио Лидер тврди дека во Софија веќе е договорено да се прифати: сите службени документи кој ќе се пишуваат во иднина да се потпишуваат на „службен јазик на Република Северна Македонија“, а не на македонски јазик.

Таа потсети дека во Македонија веќе од пред 3 години има два службени јазици.

-Ова е последниот удар кој ѝ се задава на Македонија. Прво се смени името, а сега ќе ни се обезимени и јазикот. Моите последни информации од пред половина час се дека во Софија е веќе договорено, да се прифати сите службени документи кои ќе се потпишуваат во иднина „да се потпишуваат на службен јазик на Република Северна Македонија“, вели Елка Јачева – Улчар.

Таа потсетува дека јазикот е тој што треба да ги обединува сите Македонци.

-Ова треба да борба на целиот праводољубив и вистинољубив народ. Македонскиот народ не е не на ниедна партија, македонскиот народ е на македонски, а ова практично претставува директен атак на основното национално ткиво, додава професорката.

Таа истакна дека не е член на ниедна партија, и дека не членува во ВМРО-ДПМНЕ. Лично ги повика лидерите на сите опозициски партии во Македонија, па дури и партиските членови на СДСМ кои не се согласуваат со политиката на Заев да излезат сите на улица.