Познатата поп пејачка Елена Ристеска со поддршка на екс-министерот Миле Јанакиески кој се наоѓа во притвор и штрајкува со глад.
Во коментар на Фејсбук објавата на сопругата на Јанакиески, која сведочи со каква психичка тортура се соочува тој и неговото семејство, Ристеска вели дека не може да разбере зошто се случуваат овие работи ако се има предвид колку добар човек е Миле и колку добрини направил.
Што и да кажам нема да е посилно од ова што ти го напиша. Само ќе кажам како ваша пријателка со години а ова е и ставот на моето семејство, дека се што е напишано е ВИСТИНА! Сведок сум била на многу добрини на Миле, особено кон луѓе кои не ги познава. Јас таков човек досега не сум сретнала. Сочуствуваме со вас Сања. Затоа што не само Миле, туку и ти си златна душа. Политика ни јас не сакам, да можам да сум глува и слепа за политика би била најсреќна. Но, за жал гледам и слушам и се чудам што се случува. Гушни ги дечињата од мене, стиснете заби, ќе заврши сето ова и ќе бидете повторно среќно семејство, напиша Ристеска.