Македонија 12. јуни 2018. / 15:10

ЕЛЕМ: ТЕ „Осломеј“ ќе се исклучи – се вклучува Блок 2 од РЕК „Битола“

ЕЛЕМ: ТЕ „Осломеј“ ќе се исклучи – се вклучува Блок 2 од РЕК „Битола“

АД ЕЛЕМ соопшти дека ќе ја исклучи термоелектраната „Осломеј“ и на нејзино место ќе го вклучи Блокот 2 во РЕК „Битола“.

„И покрај тоа што дефектот на системот за водно отпепелување е отстранет и ТЕ ‘Осломеј’ може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места“, информира ЕЛЕМ.

Од компанијата додаваат дека Блокот 2 во РЕК „Битола“ е веќе во мрежа по превентивниот зафат во текот на викендот и може непречено да се вклучи во производниот процес.