Македонија

ЕЛЕМ ги отфрлува обвинувањата – вториот блок планирано бил надвор од употреба

ЕЛЕМ ги отфрлува обвинувањата – вториот блок планирано бил надвор од употреба

АД ЕЛЕМ се огласи по обвинувањата дека вториот блок не работи.

Oд ЕЛЕМ реагираат дека станувало збор за превентивен зафат на една од циркулационите пумпи во Блок 2 кој се изведувал во текот на викендот кога потребите за електрична енергија се намалени.

Во моментов, капитални ремонтни активности се изведуваат на Блок 1 на РЕК Битола, по што ќе следуваат ремонти и на Блок 2 и на Блок 3. Обвинувањата за загуби во работењето ги сметаат за лаги и невистини.

Продажбата на вишоци електрична енергија во изминатиот период во износ од 8,7 милиони евра од страна на АД ЕЛЕМ, покажува како со одговорно и домаќинско работење компанијата може да постигне и намалување на својата производна цена на електричната енергија, соопштуваат од енергетската компанија.