Македонија 30. јануари 2021. / 12:28

ЕЛЕМ без оглас, во четири очи, склучил зделка за ангажирање на механизација за 6,6 милиони евра

ЕЛЕМ без оглас, во четири очи, склучил зделка за ангажирање на механизација за 6,6 милиони евра

Пратеникот Антонио Милошоски денеска на прес конференција изнесе тврдења за коруптивни набавки и договори кои што се случуваат во АД ЕЛЕМ и РЕК Битола.

Тој рече дека на 21 декември 2020 година АД ЕЛЕМ случила повеќе договори со приватни фирми во постапка со преговарање без објавување оглас односно договор во четири очи вреден 6,6 милиони евра.

Според пратеникот, станува збор за случување на договори во четири очи за услугата ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во производната единица РЕК Битола.

-Ангажираната опрема е булдожер, хидрауличен багер, гасеничар, телескопски чистач на транспортна лента, камион дампер, утоварна лента, скип и грејдер. Со овие договори, видовме и во претходниот период, дека најчесто подизведувачи се камиони со стумички таблици за кои што постојат индиции дека припаѓаат на семејството на фамилијата на власт, вели Милошоски.

Во предизборната програма во 2006-тата година „План за живот“ на страна 220 СДСМ објави дека нивниот главен проект на РЕК Битола ќе биде набавка на механизација за потребите на на РЕК Битола за, како што истакна сегашниот директор на ЕЛЕМ да не се случуваат повеќе понатаму коруптивни договори во РЕК Битола.

Но, вели Милошоски, директорот на ЕЛЕМ, поранешен пратеник на СДСМ откако е дојден на власт од 2017 година до денес го немаат реалзирано она што го ветија, напротив само во декември 2020 година склучиле четири договори во четири очи кои што се вредни 6 милиони и шестотини илјади евра. Овие договори СДСМ ги нарекуваше коруптивни договори.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека токму ваквите договори се дел од одговорот на прашањето зошто Македонија падна на историски најниското 111-то место на рангирањето за борба против корупција и овие договори се веројатно она што го посочи холандскиот амбасадор кога изјави дека освен блокадата од Бугарија пробајте како држава да се позанимавате и со борбата против корупцијата.

-Дали СДСМ намерно не ја реализираат набавката на сопствена механизација на РЕК Битола за да можат да слкучуваат договори во четири очи и да продолжат да склучуваат вакви договори кои што ги нарекуваа коруптивни договори до 2016 година? Дали СДСМ е партија која што им дава предност на семејните фирми на партијата на власт а не е спремна да се бори против корупцијата, прашува Милошоски.

Тој посочи дека моменталната состојба со енергетиката во земјава е катастофална, велејќи дека енергетските компании ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино исто така се дел неспособноста на оваа Влада каде што, како што вели, Владата во моментов да ги разработи компаниите разработува студија за нивна продажба. Според него ваквата продажба би се одразила на работата на РЕК Битола, оставајќи многу луѓе на улица.