Судскиот процес во кој обвинет е Шекерим Ахмеди, на социјалните мрежи познат како „Ел Чека“, конечно почна и речиси дојде до крајот, објави „Плусинфо“.
Денеска во судот во Кичево се одржа првото рочиште, откако претходно две беа одложени. Како што велат од судот за Плусинфо, и обвинителството и одбраната ги изнеле и презентирале доказите на денешната главна расправа, па останале само завршните зборови.
Било планирано и со нив да се заврши денеска, но на барање на адвокатот на Ел Чека за да може да се подготви, завршни зборови и тој и обвинителството ќе дадат на 21 октомври.
Потоа ќе остане само кичевскиот суд да ја соопшти пресудата.
Ел Чека се товари за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање.