Македонија 04. август 2019. / 15:54

ЕКСПРЕС.МК ОТКРИВА: Еве кој предложил забрана на колумни!

ЕКСПРЕС.МК ОТКРИВА: Еве кој предложил забрана на колумни!

Новинарот Бранко Героски вчера објави дека постои иницијатива за забрана за слободно пишување колумни но не кажа чија е иницијативата. Денеска активисти на социјалните мрежи откриваат дека иницијативата е јавно објавена на дописничката на Македонската државна Информативна Агенција (МИА) во Брисел, Тања Милевска, пренесува порталот ЕКСПРЕС.мк

Таа на 2 август јавно предложила се додека темелно не се реформира македонското новинарство да се забрани објавување на колумни од страна на медиумите во Македонија.

Милевска дозволува да може да се објави само по една колумна неделно но само ако има редакциски консензус.

Тања Милевска во 2017 година го замени како дописник на МИА Бобан Нонковиќ.

Нејзината мајка поранешната новинарка Светлана Јовановска од март е одговорна за комуникации во македонската мисија во ЕУ во Брисел а вујко и е познатиот новинар на Новатв.мк и 1ТВ Борјан Јовановски.

За дел од колегите на Милевска предлогот да се забрани слободно објавување колумни во Македонија е шокантен затоа што таа важи за ултралиберална по прашањето за човековите права и медиумската слобода.

Милевска важи за новинар со одлични контакти во седиштето на ЕУ но и за влијателна во нависоките ешалони на владата на Заев.