Наместо да се земе предвид јавниот интерес, Курто Дудуш со закани до редакцијата на „Економски Лидер“. Не е важно кој го објавил скандалот, важен е јавниот интерес што во кабинетот на градоначалник во земја претендент за ЕУ, се тепа човек.
Еден ден откако јавноста ја слушна “аудио бомбата” во која се слуша градоначалникот на Шуто Оризари од СДСМ Курто Дудуш , ниту МВР ниту јавното обвинителство не објавуваат дека се преземени мерки против него. – пишува Експрес.мк
Медиумоит додава дека со оглед на тоа што се работи за индиции за насилство од страна на висок функционер на владеачката партија СДСМ и носител на јавна функција градоначалник, според меѓународните стандарди се работи за јавен интерес кој мора да биде истражен од страна на надлежните институции.
Во моментот на објава на овој текст ниту МВР ниту Јавното обвиннителство не објавиле дека го истражуваат случајот кој го носи симболот на „Јавен интерес“.
Целиот текст, прочитајте го на следниот линк.