Македонија 28. септември 2018. / 17:48

Експлозија во РЕК Битола: Причинета огромна штета! Има ли жртви?

Експлозија во РЕК Битола: Причинета огромна штета! Има ли жртви?

Експлозија се случила попладнево во РЕК Битола и во моментов целосно е излезен од функција вториот блок на централата, дознава Економски Лидер од извори во компанијата.

Според информациите кои дојдоа до нас експлозијата се случила на 6 киловолтна склопка од напојна пумпа. Засега нема информации за повредени или жртви. Нашите извори јавуваат дека е настаната огромна материјална штета.

-Самото вклучување на оваа склопка 200.000 до 300.000 евра а кога на тоа ќе се додаде штетата од нефункционирањето и цената на ремонтот на склопката, сумата веројатно ќе достигне неколку милиони евра. – вели нашиот извор.

Специфично за инцидентот е тоа што токму оваа склопка неодамна била ремонтирана за што била платена исклучиво висока цена од страна на директорот Васко Ковачевски.

Изворот се сомнева дека е можно експлозијата да се случила заради нестручноста на луѓето кои беа поставени на функции, според него, од именувањето на новото ракловдство на РЕК Битола се врши заменување на професионалниот кадар со партиски војници на сите нивоа а цената за тоа ја плаќаат граѓаните и државата.

Во моментов, надвор од функција е третиот блок на електраната.