Македонија 28. ноември 2019. / 13:24

ЕКСКЛУЗИВНО: Тепачот пратеник сакал да ги киднапира децата – и ги одземал на сопругата

ЕКСКЛУЗИВНО: Тепачот пратеник сакал да ги киднапира децата – и ги одземал на сопругата

Пратеникот Костадин Ацевски сакал да ги одземе децата од сопругата врз која извршил семејно насилство – дознава Лидер од извори во истрагата.

Како што дознаваме, тоа што тој ги одзел децата и ги однел во непознат правец, била причината поради која тепаната сопруга пријавила во полиција.

Неговата сопруга Марија, денес е недостапна за коментар. Лидер неколку пати се обиде да стапи во контакт со неа, но таа не одговара на на нашите телефонски повици.