Македонија 23. март 2020. / 21:12

ЕКСКЛУЗИВНО: Сашо Ордановски цела Влада ја ставил во ризик од коронавирусот!

ЕКСКЛУЗИВНО: Сашо Ордановски цела Влада ја ставил во ризик од коронавирусот!

Провладиниот пропагандист новинарот Сашо Ордановски предизвикал инцидент на денешниот брифинг во владата. – дознава “Лидер” од присутни на состанокот.

Како што дознаваме, Владата денеска свикала затворен брифинг, со цел да ги дисциплинира новинарите и редакцијата.

Нашиот извор, сведочи дека Орданоски ги шокирал присутните подобни новинари, министерот Филипче и премиерот Спасовски.

-Се случи нешто незамисливо, Сашо Орданоски се јави за дискусија и соопшти дека бил во контакт со женско лице од Италија, пред две недели. Кажа дека пред една недела се тестирал, ама бил негативен.Спасовски и Филипче беа фрапирани,ама работата се заташка, сведочи нашиот извор.

Настанот покажува голема неодговорност за Орданоски, но и за Владата и кризниот штаб. Затоа што периодот за инкубација на коронавирусот понекогаш надминува и 20 дена, ова значи дека Ордановски, кој не се ставил во карантин ги загрозил сите присутни.

Орданоски и Владата, тееба да одговорат на прашањата;

-Од кога до кога бил во контакт со тоа лице од Италија?

-Каде се остварил тој контакт?

-Зошто чекал недела дена за да се тестира и зошто не отишол во карантин?

-Од контактот, па до тестирањето со кој се бил во контакт?

Во исто време, чудно е и тоа што владините претставници, кои самите биле ставени во ризик, не реагирале.