Пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски ќе ја напуштат пратеничката група на СДСМ веднаш пред седницата за интерпретација на министерот Бојан Маричиќ – дознава Радио Лидер од висок извор во партијата.
Нашиот извор вели дека веќе подолго време се планира напуштање на пратеничката група од страна на ЛДП, но не открива дали тоа би значело целосно напуштање на коалицијата со СДСМ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време најавува ново парламентарно мнозинство, но останува непознато дали ова напуштање на пратеничката група е дел од тој процес. Во исто време, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да дадат коментар во однос на оваа одлука на ЛДП.