Се усложнува процесот на формирање на Влада помеѓу СДСМ и ДУИ.
Пратеникот Изет Меџити заедно со уште двајца друг пратеници од ДУИ најавуваат дека нема да гласаат за новата Влада доколку не се исполнат нивните барања – дознава Лидер од извори во ДУИ.
Како што дознаваме Изет Меџити бара тој да биде на позицијата прв вицепремиер која му е доделена на Артан Груби, но зад Меџити стојат пратенците Арбен Зибери и Берат Ајдaри, тие се многу блиски.
Ако не се најде некое решение побрзо тешко дека ќе пројде гласањето утре, а и подоцна можно е Владата или голем дел од министрите да не пројдат поради недоволен број на гласови. Меџити сака вицепремиерско место во спротивно нема да гласа за Влада – вели за Лидер високо позиционаран извор во Демократската унија за интеграција.
Инаку Зоран Заев и Али Ахмети имаат вкупно 62 пратеници и без овие тројца не би можело да помине гласањето ниту за Влада ниту за избор за претседател на Собранието.
–