Македонија 23. јануари 2019. / 12:19

ЕКСКЛУЗИВНО: Ѓорчев ќе објави дека ќе се кандидира за претседателски кандидат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ!

ЕКСКЛУЗИВНО: Ѓорчев ќе објави дека ќе се кандидира за претседателски кандидат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ!

Пратеникот Владимир Ѓорчев денеска планира јавно да објави дека ќе поднесе кандидатура до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се бира кандидат за претседател на државата – ексклузивно дознава „Лидер“, од извори блиски до него.

Неофицијално дознаваме дека во текот на денот, Ѓорчев ќе одржи прес-конференција на која со јавноста ќе ги сподели своите намери да стане претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.

Ѓорчев долги години е активен  на политичката сцена, има огромно политичко искуство. Сепак и покрај континутетот на политичката сцена, позади себе, пратеникот нема ниту еден скандал. Важи за чесен човек, принципиелен, доследен и семеен човек.

Неговата политичка кариера е исполнета со низа на успеси, бројките велат тој ги освојуваше најголемите победи во парламентарната историја на независна Македонија, последните 28 години.

Ѓорчев ги извојуваше тие победи во комбинација со мотивираното членство на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со гласовите на неопределените гласачи.

Ужива голема меѓународна репутација и веќе подолго време важи за политичар од ВМРО-ДПМНЕ  со силни контакти и отворени врати во Брисел, Вашингтон, Берлин и Лондон. Во последните неколку месеци Ѓорчев постојано е на терен помеѓу граѓаните.

Оженет е со сопругата Сузана, со која живеат во Скопје и имаат 4 деца, Марта, Филип, Никола и Катерина.

Ѓорчев годинава ќе наполни 41 година.