Македонија 07. септември 2018. / 14:28

Ексклузивно: Анастасија Богданоска нов главен и одговорен уредник на ТВ Алфа

Ексклузивно: Анастасија Богданоска нов главен и одговорен уредник на ТВ Алфа

Новинарката Анастасија Богданоска утринава била поставена за нов одговорен уредник на ТВ Алфа, дознава Економоски Лидер од извори од телевизијата.

Како што вели нашиот извор, утринава директорот на телевизијата Васко Ефтов на своите колеги им ја претставил новата уредничка која од денес ќе ја води редакцијата на Алфа а доаѓа на местото на в.д одговорниот уредник Љупчо Цветановски.

Во краток телефонски разговор за Лидер, Богданоска ја потврди својата нова функција. Младата уредничка амбициозно ни најави поинаква и далеку поквалитетна програма на телевизијата која ја води од утринава.

-Да, точно е. Во периодот што следи, она што ќе го емитува Алфа ќе биде одговор на прашањето. Следуваат новини и ќе понудиме нешто поинакво во македонскиот етер. – ни рече Анастасија Богданоска, нов одговорен уредник на Телевизија Алфа.

Анастасија Богданоска е млад кадар кој според менаџментот на телевизијата би требало да донесе нова енергија во работењето. Таа во Алфа доаѓа од Телевизија Канал 5 каде што беше уредник на контактната емисија „Фронт“, која за кратко време се наметна помеѓу гледачите.