Македонија 06. септември 2019. / 15:53

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ ОД ШВЕДСКИОТ СУД: „27 април“ не е тероризам!

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ ОД ШВЕДСКИОТ СУД: „27 април“ не е тероризам!

„Економски Лидер“ дојде до одлуката на Врховниот суд на Шведска, со која се потврдува дека настаните во македонското Собрание на 27 април не се тероризам.

Според документите до кој дојде Лидер, Република Македонија од Шведска бараше да се екстрадира лицето Дејан Давидовски, за настаните од „27 април“, под обвинението „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.

Според одлуката на шведскиот Врховен суд постојат пречки за екстрадиција на Давидовски.

– Според член 6 од законот за екстрадиција, екстрадицијата не може да биде одобрена за политичко дело. Ако делото исто така вклучува кривично дело што не е политичко, сепак, екстрадицијата може да биде одобрена за тоа кривично дело, ако делото во конкретниот случај е претежно неполитичко дело. – пишува во одлуката.

Шведскиот суд заклучи дека од документите во конкретниот случај вклучува упад во Собранието за да се обидат со закани и насилство да го спречат изборот на претседател на Собранието. Според шведскиот суд Давидовски е осомичен за дело кое одговара на бунт, но не и за тероризам.

Шведскиот суд одлучи дека станува збор за политички процес, па затоа постојат и пречки за екстрадиција.

Целата одлука на шведскиот Врховен суд прочитајте ја во прилог: