Македонија 04. септември 2019. / 09:18

Екс-министерот Шапуриќ стана директор

Екс-министерот Шапуриќ стана директор

На синоќешната 152 владина седница, на која во фокусот беше ребалансот на буџетот, како една од точките беше и именувањето на Зоран Шапуриќ за в.д. директор на Државниот земјоделски инспекторат, пренесе Фокус.

Претходно, Шапуриќ беше министер без ресор за подобрување на економската клима, но беше дел од владините промени кои ги најавуваше премиерот Зоран Заев.

Местото на професорот изминатиот викенд го завзеде Хисен Џемаили од ДУИ, кој во саботата ја доби довербата во Собранието.