Македонија 03. февруари 2021. / 08:38

Економист: Македонија повторно во групата на држави со „хибриден режим“ и бележи пад од едно место

Економист: Македонија повторно во групата на држави со „хибриден режим“ и бележи пад од едно место

Глобалната демократија го продолжи својот пад и во 2020 година, според последното издание на Индексот на демократија кој го објави „Економист“.

Годишното истражување, кое ја оценува состојбата на демократијата низ 167 земји засновано врз пет мерки – изборен процес и плурализам, функционирање на владата, политичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи – открива дека само 8,4% од светската популација живее во целосна демократија додека повеќе од една третина живеат под авторитарно владеење. Глобалниот резултат од 5,37 од десет е најнизок забележан од почетокот на индексот во 2006 година.

Македонија според Индексот на демократија во 2020 година, што го објави „Економист“ останува во групата на држави со хибриден режим за едно со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан и други. Исто така, бележи пад од едно место, па така оваа година се најде на 78 место.

На врвот на листата на најдемократски земји се Шведска, Ирска, Холандија, Германија, Австрија.