Македонија 24. ноември 2018. / 15:22

Екатимерини: Постигнат е напредок за ревизија на македонските учебниците по историја

Екатимерини: Постигнат е напредок за ревизија на македонските учебниците по историја

Ден по тетралатералниот министерски состанок во Солун, грчките медиуми, повикувајќи се на извори од делегациите, јавуваат за тоа дека преговорите околу ревизијата на учебниците по историја, предвидена со Договорот од Преспа, напредувале.

Како што јавува весникот „Екатимерини“ високи претставници на Грција и на Македонија соопштиле дека е остварен напредок во преговорите за воведување измени во учебниците во двете земји, во рамките на напорите за ставање крај на непријателствата меѓу нив.

Слични иницијативи неодамна се покренати и меѓу Грција и Албанија и меѓу Македонија и Бугарија.

Екатимерини ја пренесува изјавата на заменикот шеф на грчката дипломатија Катругалос дека „Историјата треба да биде можност за учење во училиштата а не ментален затвор“.

На четвртиот министерски состанок од ваков формат во Солун покрај Катругалос, учествуваа и министрите за надворешни работи на македонија и на Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева, како и заменичката шеф на албанската дипломатија Артемиса Драло.