Македонија 19. октомври 2018. / 20:55

Ефтов: Луѓе од Обвинителство ги штитат пратениците во Собрание

Ефтов: Луѓе од Обвинителство ги штитат пратениците во Собрание

Новинарот Васко Ефтов повика во овие тешки моменти да се остане со ладни глави.

Тој на Фејсбук напиша дека се прават обиди пратениците да се поткупат, дека се ветувани кули и градови.

Според него во оваа валкана игра, се повикани луѓе во Обвинителството да ги штитат пратениците во Собрание.

Ќе ве молам мора да останете со ладни глави. Не смее ни под разно да се случи нов 27 април. Тие тоа го сакаат. Само со ладни глави и без никакви инциденти. Ова што денес се случува е незапамтено во македонската историја. Цената на еден глас се движи од 250 илјади евра (пратеник од Централна Македонија), еден милион евра (пратеник од Северозападна Македонија) до два милиони евра за два пратеници (еден од Скопје и еден од Источна Македонија). Лидери на две помали партии се возени низ Скопје во државни автомобили и им се нудени кули и градови. Ветени се две ослободителни пресуди. Еден заврши на Кардиологија. Ова е многу валкана игра. Ќе ве молам со ладни глави. Според моите информации во Собранието се повикани луѓе од Обвинителството за да бидат заштитени пратениците, напиша Ефтов на Фејсбук.