Македонија 08. август 2018. / 15:43

Ефтов: Јас го игнорирам референдумот – не давам легитимитет ни со глас, ни со бојкот

Ефтов: Јас го игнорирам референдумот – не давам легитимитет ни со глас, ни со бојкот

Новинарот Васко Ефтов кој е автор на емисијата Во центар и директор на Алфа Телевизија го напиша следниот Фејсбук статус во врска со референдумот за промена на нашето име:

-Во мојот календар, во 2018 година, септември има 29 дена. Можеби ќе живеам еден ден помалку оваа година, но затоа нема да живеам во срам цел живот. Јас не АГИТИРАМ (За или Против). Јас не БОЈКОТИРАМ. Јас ИГНОРИРАМ. Ги игнорирам сите и игнорирам се што е причина да ја ИГНОРИРАМЕ (се откажуваме) нашата историја и да го ИГНОРИРАМЕ (продаваме) нашето име. Јас не ви давам легитимитет ниту со мојот глас, ниту со мојот бојкот. Јас само (ВЕ) ИГНОРИРАМ!, напиша Ефтов на Фејсбук.