Македонија 09. август 2018. / 11:04

Едногодишно дете од Шведска повредено во директен судир на патот Охрид – Кичево

Едногодишно дете од Шведска повредено во директен судир на патот Охрид – Кичево

Во текот на вчерашниот ден, рано утрото на магистралниот пат Охрид – Кичево се случила сообраќајна незгода меѓу автомобили „цитроен ксантија“ и „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, откако вториот автомобил управуван од 37-годишен стружанец преминал на спротивната коловозна лента.

Како што информираат од МВР, во „фолксвагенот“ се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет, три и една година, сите од Шведска.

Автомобилот „цитроен ксантија“ бил управуван од 34-годишниот Б.П. од Ново Село, општина Дебарца.

Во незгодата со тешки повреди се здобиле возачот на возилото „цитроен“ и сопатничката во возилото „фолксваген“, А.С.З., додека со повреди се здобило едногодишното дете.

Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.