На денешен ден 1981 година во Министерство за внатрешни работи, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија, е формирана Единицата, денес позната како „Тигар“.
Одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ ќе се случи во касарната „Илинден“, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Свое обраќање ќе има и командантот на САЕ „Тигар“, Митко Даневски.