Во изминатите 24 часа во Македонија се потврдени 36 нови случаи на заразени со Ковид-19 и тоа во Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.
Направени се 411 тестирања, со што вкупно досега се направени 18.821 тестирања за Ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти заразени со Ковид-19 во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.622, починати се 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.