Македонија 14. ноември 2019. / 10:05

Eден од нападнатите новинари се огласи по вчерашниот инцидент

Eден од нападнатите новинари се огласи по вчерашниот инцидент

Поголема група од околу 7-8 луѓе, синоќа ги нападнале новинарите Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски од Македонско Радио. Инцидентот се случил на излез од угостителскиот објект „Александрија“, а по тој повод на социјалните мрежи се огласи Цветановски.

НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ, СЕ’ МИНА БЕЗ ФИЗИЧКИ ПОСЛЕДИЦИ, БИДНА БЕЗ ВРСКА И АПАНСАС, БЕА 7 ДУШИ, НО СПРЕМНИ МОМЦИ СМЕ НИЕ 🙂 ГИ СНЕМА ИСТО КО ШТО СЕ ПОЈАВИЈА. Не сакам ни да помислам дека мотивот е политички, никој не е до толку луд, или барем се надевам… , напиша Цветановски на Фејсбук.