Македонија 05. ноември 2020. / 17:35

ДЗСИ: Граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација да испратат мејл

ДЗСИ: Граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација да испратат мејл

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација може да се обратат до нив преку електронска пошта.

Граѓаните кои од било која причина се уште не добиле решение за изолација, може да испратат e -mail, на следнава адреса: [email protected], со точни лични податоци и информации за адресата и место на живеење, објави ДСЗИ.

ДСЗИ вчера издал 1.215 решенија за изолација и тоа во Скопје на 221 позитивни на Ковид -19 и на 152 нивни контакти, а во останатите населени места на 324 позитивни на Ковид -19 и на 518 нивни контакти.