Македонија 16. јули 2018. / 10:17

Џес Бејли: Иванов е за Македонија во НАТО

Џес Бејли: Иванов е за Македонија во НАТО

Џес Бејли, амбасадорот на САД во Скопје, во интервју за „Независен“ истакна дека претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, е за членство на земјата во НАТО.

На сугестијата дека Иванов не честитал за поканата од Алијансата и за тоа време бил на инаугурација на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, дипломатот искоментира дека е убеден во позитивните ставови на шефот на државата кон НАТО.

– Претседателот Иванов одамна ја изрази својата поддршка за иднината на Македонија во НАТО и во ЕУ, вклучително и во разговори со мене. Се надевам дека тој ќе го поддржи напредувањето на процесот. Тој ја изрази својата загриженост во врска со преспанскиот договор, но парламентот двапати гласаше за ратификација. Наскоро граѓаните на Македонија ќе имаат можност да го изразат својот став. Повторно, договорот со Грција вклучува тешки компромиси, но исто така претставува историска можност за обезбедување на иднината на земјата во семејството на западните демократии, во НАТО и во ЕУ, со новото име „Република Северна Македонија“ – одгови Бејли меѓудругото.