Американскиот аналитичар Џејсон Мико, новинарот Цветин Чилиманов, универзитетскиот професор Александар Даштевски Даштевски и отец Ивица Тодоров од Македонската православна црква (МПЦ) излегоа со поддршка за претседателската кандидатура на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
–Бидејќи ме прашуваа луѓе – да нема никаква дилема – кој и да е северџанскиот консензуален кандидат на СДС и ДУИ, без око да ми трепне ќе гласам за Ѓорчев. Знам дека многу луѓе се нервозни, и ги разбирам. На толку подметнувања во партијата и пошироко во изминатите години, на кои потклекнаа луѓе од кои воопшто не очекувавме да потклекнат. Во овој случај, го знам човекот и немам дилеми или резерви, напиша новинарот Чилиманов на социјалните мрежи.
(ФБ статус на Ивица Тодоров)
-Нашиот Владимир Ѓорчев ни порачува:
„Да победиме заедно
за Македонија! ??️??️??“️Пројави храброст и визија со кандидатурата за претседател на Македонија во време тешко, предавничко и збунувачко!
Да! Нема човек без мани и доблести, така и Влатко! Ги има и маните и доблестите. Но има една доблест која може да ги надмине неговите мани, тој е отворен за совет, за задлабочено расудување, за дебата со аргументи, за внимателно слушање! Тој има почит кон соговорникот без разлика колку истиот се разликува од него со ставот и воспитувањето!
Во време кога во светот, па и во Македонија, се искоренуваат и законски се менуваат традиционалните морални вредности втемелени на верската христијанска и муслиманска вистина и вековното искуство на човештвото нам ни е потребен човек кој е докажан борец за она што е традиционално, здраво, за она што е ЗА ЖИВОТ, за она што е морално и полезно во општеството, за семејни вредности, за здраво поколение кое е гарант за иднината на народот и државата!
Силните зборови набиени со нереална емоција брзо исчезнуваат во заборав, но храброста да се направи вистинско добро во суровата реалност е карактеристика на луѓе со ум, визионерство, мудра храброст, способност, решеност и вера! Таков е и нашиот Владимир!
Може да размислувата вака или онака, ама реалноста останува и некој треба да се справи со неа!
Подобро човек со вера и морал отколку уште еден oбезбожен манипулант и одработувач на структурите кои сакаат тотална релативизација на се што е Божјо, традиционално, полезно, нормално и здраво!Нашиот Владимир Ѓорчев ни порачува:
„Да победиме заедно
за Македонија! ??️??️??“️
-Бидејќи суеште не е познат заедничкиот кандидат на владејачката коалиција за председател на државата, затоа ќе направам анализа на досегашните кандидати кои се пријавија за таа функција во најголемата опозициона партија. Владимир Ѓорчев млад но искусен политичар. Го знам од 1997 година кога уште како гимназијалец почна да се занимава со политика. Тогаш почнува и неговото меѓународно искуство, како член на Комисија за меѓународни работи на партијата. Еден од најподготвените македонски политичари за односи со јавноста. Не само што бил портпарол на партијата, туку учествувал на најелитните едукации во светот. Прифатлив за делегатите на партијата, а уште повеќе за членството на ВМРО ДПМНЕ. Повеќе пати го има “изорано” теренот. Како носител на листа и кандидат за пратеник скоро во секоја изборна единица, буквално го посетил секое семејство и постигнал извонредни резултати. Водењето на кампања за него е лесна и рутинска работа. Постојано се залагал за соживот на сите етнички заедници во Македонија. Прифатлив е и за неутралните гласачи. Гордана Сиљановска извонреден професор и експерт во својата струка. Без големо искуство во политиката. Неприфатлива за делегатите на најголемата опозициона партија, а посебно за членството на ВМРО-ДПМНЕ. Член на професорскиот форум, за кој сегашната опозиција има многу лошо мислење. На меѓународна сцена нема забележителни активности, што е многу важно за сегшната политичка состојба во државата. Особено тешко и релативно споро ќе ја спроведе кампањата. Сметам дека сите овие аргументи ќе бидат земени во предвид кога ќе се избира кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
д-р Александр Даштевски, универзитетски професор“, напиша Даштевски на неговиот фејсбук профил.