Македонија 08. јули 2018. / 13:40

Џанг Чингли во официјална посета на Македонија

Џанг Чингли во официјална посета на Македонија

Потпретседателот на Националниот комитет на Кинескиот политички совет на 13. Национален конгрес Џанг Чингли утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Според агендата објавена на интернет страницата на Собранието на РМ, Чингли ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Предвидена е и средба со претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Владанка Авировиќ.