Македонија 11. март 2019. / 15:56

Џафери во посета на Романија и во Литванија на ратификација на Протоколот за НАТО

Џафери во посета на Романија и во Литванија на ратификација на Протоколот за НАТО
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од вторник до четврток, ќе престојува на работна посета во Романија и Литванија, во придружба на пратеникот Панчо Минов.
Целта на овие патувања е присуство на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Парламентот на Романија, што е најавено за 13 март 2019 година и во Сејмот на Литванија, најавено за 14 март 2019 година, каде и ќе се обрати пред пратениците на Сејмот на Литванија, соопштија од Собранието.
Во рамките на овие работни посети претседателот Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.