Македонија 14. февруари 2020. / 18:13

Џафери најави дека од 19 часот Собранието ќе работи без пауза додека не се распушти

Џафери најави дека од 19 часот Собранието ќе работи без пауза додека не се распушти

Со низа реплики и контрареплики се одвиваше попладневниот дел од собраниската седница на која пратениците расправаат за Законот за Јавно обвинителство. По редовната пауза пратениците расправаа околу два часа по што повторно е дадена пауза до 19 часот.

Според опозицијата во законот не се работи за технички туку суштински грешки, а истиот се носи со цел да биде во интерес на поранешниот премиер Зоран Заев.

Според власта, пак, процесот на носењето на Законот го минира опозицијата со цел да се спасат криминалците во нивните редови.

Министерот за правда, Рената Десковска рече дека нема да замре ниту една започната постапка и дека опозицијата со своите делувања само го одолговлекува донесувањето на Законот за Јавно обвинителство.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека Собранието ќе биде во постојано заседавање се до неговото распуштање во недела на 16. февруари.

Паузата во Собранието ќе трае до 19 часот.