Претседателот на Собранието, Талат Џафери им го честиташе празникот Денот на сите светци на припадниците на католичка вероисповед.
– Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, би сакал од свое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, искрено да Ви го честитам празникот 1 ноември, Ден на сите светци. Ви посакувам овој празник во кој се чествуваат сите светци знајни и незнајни, да го поминете во кругот на вашите блиски и сакани, исполнети со мирот и благосостојбата која ваквите духовни празници ги носат – се наведува во честитката.
Џафери натаму во честитката нагласува дека религиите, иако се различни едни од други, во својата суштина не учат на скромност, добрина и почит.
– Ви испраќам убави празнични мисли и добри желби, духот и пораките од празниците да бидат водилка во сите денови од годината, додава претседателот на Паралементот во честитката.