Македонија 10. декември 2018. / 12:25

Џафери-Ручи: Албанија со целосна поддршка до Македонија за членство во НАТО

Џафери-Ручи: Албанија со целосна поддршка до Македонија за членство во НАТО

Денеска во посета на Македонија е претседателот на Собранието на Република Албанија Грамоз Ручи кој оствари средба со претседателот Талат Џафери, а потоа одржаа заедничка прес-конференција. Тие истакнаа дека Албанија и Македонија градат одлично добрососедски односи, со надеж дека истите ќе продолжат и понатаму, и дека двете земји даваат значаен придонес за развој и за мир и просперитет во регионот.

Како две пријателски соседни земји, соработуваме во насока на заедничката меѓународна политика за интеграција на Македонија во НАТО, и имаме целосна поддршка од Албанија која е веќе дел од Алијансата. Го информирав мојот колега Ручи до каде се точките на исполнување на договорот од Преспа. Заклучивме дека само со дијалог може да се решат сите проблеми. Се отвораат нови перспективи на односите меѓу двете земји. Тука би го споменал интензивирањето н економската соработка, инфраструктурното и енергетското поврзување. Му благодарам на Ручи за оваа посета, и уверен усм дека нашата билатерална соработка ќе продолжи со истата динамика, рече претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери.

Ручи, пак, кажа дека Албанија дава целосна поддршка на Македонија кон членството во НАТО, и истакна длабока почит кон земјата и македонските граѓани, дополнувајќчи дека ја цени улогата на албанските политичари во процесот за имплементирање на договорот од Преспа.

Имавме пријателска средба со мојот колега Талат Џафери, затоа дозволете да изразам благодартност за поканата и за гостопримството што ми го приредивте. Да истакнам уште од почетокот дека имам длабока почит за македонија и граѓаните. Разговорите кои ги водевме беа конкретни, корисни и во духот на пријателството карактерисични за нашите две земји.

Му изразив полна поддршка од Албанија за членството на Макеоднија во НАТО. Се согласивме дека дијалогот е решение за сите несогласувања, зборувајќи за ситуацијата во западен балкан. Со мојот колега Џафери изразивме заедничка загриженост  во ситуацијата меѓу Косово и Србија, и упатуваме порака да продолжи дијалогот. Споделуваме исто мислење дека Албанија и Македонија даваат значаен придонес за развој, и за мир и просперитет во регионот. Исто така ја цениме улогата на албанските политичари во процесот за прифаќање на договорот од Преспа, го поздравуваме тој договор, и верувам дека тој ќе го отвори патот на Македонија кон НАТО и отворање на преговорите за членство во ЕУ, изјави Ручи.