На осми февруари, најверојатно ќе се распишат претседателските избори, кажа на пресконференција претседателот на Собранието Талат Џафери.
Тој рече дека најверојатно првиот круг ќе се одржи на 21 април, а вториот две недели подоцна, односно на 5 мај.
На 12 мај се очекува да биде избран новиот претседател, ако процедурата тече во најдобар ред.