Македонија 22. декември 2020. / 10:25

Џафери: Погрешен е моментот за реформи во образованието

Џафери: Погрешен е моментот за реформи во образованието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ѝ порача на министерката за образование Мила Царовска да не избрзува со концепцијата за целосна реформа на основното образование.

Царовска предвреме излезе во јавноста со тие тези. Потребна е посебна анализа, сериозна дебата. Моментот е погрешен. Не е вистинско време сега да се отвори таа тема, рече Џафери синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.