Македонија 27. февруари 2019. / 11:58

Џафери: Одговорноста за евентуално бегство на Вељаноски ќе биде кај судот

Џафери: Одговорноста за евентуално бегство на Вељаноски ќе биде кај судот

Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.

Одговорноста ќе биде кај Судот кој треба да го обезбеди присуството на сите осомничени и обвинети, кажа Џафери.

Обвинителката Вилма Русковска, откако пратениците не му го одзедоа мандатот на Вељаноски, кажа дека одговорноста за евентуалното бегство че биде кај пратениците.

Џафери кажа дека закажал седница по Извештајот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, но за првпат резултатот бил 4 „за“ и 4 против и тој имал дилеми ,,по кој заклучок треба да гласа Собранието“.

Џафери ја закажа седницата дури во 21 часот во неделата и по неколку паузи седницата продолжи во 23 и 58 минути.

Наместо да го стави предлогот за одземање на имунитетот на Вељаноски на гласање, Џафери му даде збор на координаторот на пратеничката ггрупа на ВМРО ДПМНЕ Мицевски кој зборуваше до полноќ. Собранието имаше рок да гласа до полноќ.

Одлуката на Џафери да ја прекине седницата предизвика револт кај пратениците од СДСМ кои ги обвинија Џафери и ДУИ дека го спасуваат Вељаноски од притвор.