Македонија 22. септември 2019. / 12:35

Џафери: Не ме прашувајте мене за злоупотреба на пратенички дневници

Џафери: Не ме прашувајте мене за злоупотреба на пратенички дневници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека нема индиции за злоупотреби на патните трошоци од страна на пратениците. Доколку постои злоупотреба, тој не е човекот каде што треба да се обратат, вели тој за Радио Слободна Европа.

Ако веќе констатирате дека има злоупотреба не би требало да го имате овој разговор со мене. Секој кој има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди. Има државен завод за ревизија, има антикорупциска комисија има јавно обвинителство, коишто под сомнение некој конкретно со име, не може пратениците сега 120 сме ние, под констатација дека вршиме злоупотреба“, вели Џафери одговарајќи на прашањето какви механизми за надзор и контрола како прв човек на Собранието користи за да го спречи овој тренд вели спикерот Џафери.