Македонија 30. декември 2020. / 15:31

Џафери: Менталитетот на граѓаните за декриминализација на марихуаната не е ист како во Холандија

Џафери: Менталитетот на граѓаните за декриминализација на марихуаната не е ист како во Холандија

Претеседателот на Собранието, Талат Џафери, во Утрински брифинг во врска со предлогот за декриминализација на марихуаната рече дека дебата е секогаш потребна.

Но, според неговата перцепција на граѓаните смета дека темата за декриминализација и депенализација на марихуаната е преуранета.

Кога се работи за општ однос кон граѓаните и за граѓаните, мислам дека кај мнозинството кај нив преовладува перцепцијата дека предусловите менталитет и сфаќањата по однос на овие прашања не се исти со оние во Холандија. Затоа сметам дека треба поширока и подолга дебата, но доколку мнозинството одлучи ова да помине како предлог Закон јас немам намера да го спорам, вели Џафери.